Турнир под мотото „Кошарката моја игра“
Чет, 21/12/2023
Во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Општина Гази Баба, денес во фискултурната сала ООУ „Кирил и Методиј“ - Стајковци се организираа спортски активности за учениците од 5-то одделение во вид на Меморијален турнир во чест на нашиот Иван Илиев. Турнирот е под мотото „Кошарката моја игра“ и во него учество земаа ученици од сите основни училишта од Општина Гази Баба. Целта на оваа активност е промоција на кошарката како спорт и вклучување на учениците од најмала возраст во спортските натпревари. |