Тридневна екскурзија 2019
Вто, 08/10/2019
| На 08.10.2019 започна со реализација тридневната екскурзија со учениците од IX одделение низ Западна Македонија. Прва знаменитост која се посети беше паркот на револуцијата Могила во Прилеп. Учениците потоа ја посетија и спомен-куќата на македонската музичка икона, Тоше Проески, и неговото вечно почивалиште. Трета дестинација за посета беше Битола, каде учениците имаа можност за прошетка по Широк Сокак. По исполнетиот прв ден, учениците, заедно со своите класни раководители, Биљана Арсова и Јасмина Јездиќ, како и дефектолог Ана Тасевска, се сместија во хотелот ,,Конгресен центар" во Охрид. |







