Роденден на Општина Гази Баба 2019
Саб, 02/11/2019
|
Химна на проектот Градиме заедничка иднина - Мостови на другарство Проектот Градиме заедничка иднина е најубав проект на општината, затоа што на едно место ги обединува учениците од сите 11 основни училишта, од сите етнички заедници. Тие другаруваат, творат, играат и глумат и најважно од се што се запознаваат одблизу, а со тоа ги намалуваме разликите. Децата ни подарија прекрасна театарска претстава „Кој да го освои срцето на Сара“, како и преубавата песна „Мостови на другарство“ која ќе биде симбол на единството и соживотот. |







