Обуки за Zoom и Едуино
Пон, 17/8/2020
|
ООУ „Кирил и Методиј" се подготвува за реализација на наставата во сите понудени модели во интерес на учениците. Споделуваме знаења, вештини и вредности и ги зајакнуваме компетенциите. Денес ИКТ-тимот (Благородна Сотиров, Ибрахим Демири, Елена Блажевска, Биљана Арсова, Емилија Наумовска) реализираше обуки за сите наставници за користење на апликацијата Zoom и за постапката за снимање видео-часови со програмата OBS за образовната платформа Едуино. |







