Пешачиме за мир, соживот и толеранција
Чет, 24/3/2022
|
По повод почетокот на пролетта наши ученици и наставници по физичко и здравствено образование од централното и подрачното училиште зедоа учество на настан организиран од општина Гази Баба заедно со здружението на граѓани Грин Спорт и Општинскиот сојуз за училишен спорт. Настанот се одржа под мотото “Пешачиме за мир, соживот и толеранција.” Мирот, соживотот и толеранцијата се три основи на кои треба да се заснова едно општество, а ние секојдневно ги практикуваме и се стремиме кон уште поголемо нивно зајакнување! |







