Дипломи и медали за постигнат спортски успех
|
На 07.06.2022 свечено беше означен крајот на натпреварите во училишните спортски лиги кои се одржуваа на територија на општина Гази Баба за учебната 2021/2022 година, во спортската сала при ООУ„Наум Наумовски Борче“. Нашите ученици од ООУ „Кирил и Методиј“ - Стајковци и ПОУ „Кирил и Методиј“ - Страчинци беа помеѓу 800-те ученици кои примија дипломи и медали за постигнат спортски успех во учебната 2021 / 2022 година. Оргaнизатор на училишните лиги е Општинскиот сојуз за училишен спорт Гази Баба и беа постигнати високи резултати. Во рамки на училишните спортски лиги се оддржаа натпревари во футсал – машки, каде ПОУ „Кирил и Методиј“ - Страчинци го освои првото место исто така беа прогласени уште два места за најдобри спортисти: - најдобар голман - ученикот Рухан Османи; - најдобар играч - Един Рушити. Во дисциплината кошарка - машки, ООУ „Кирил и Методиј“ - Стајковци освои второ место во кошаркарска лига. Во дисциплината ракомет - женски, ООУ „Кирил и Методиј“ - Стајковци се пласираше на трето место. Во организација на ОСУС Гази Баба во соработка со Атлетска федерација на Македонија, нашето училиште учествуваше со машки и женски ученици и во различни дисциплини во атлетика, каде беа постигнати следниве резултати: - Матеја Трајковска, прво место во дисциплина трчање на 600 м. (женски); - Симона Станковска, трето место во дисциплина трчање на 600 м. (женски); - Мелани Коцева, трето место во дисциплина трчање на 600 м. (женски); - Христина Јовановска, трето место во дисциплина трчање на 600 м. (женски); - Петар Тодоровски, трето место во дисциплина трчање на 100 м. (машки); - Мартин Георгиевски, трето место во дисциплина фрлање ѓуле. Честитки за успехот на сите ученици кои беа под водство на наставниците по ФЗО од нашето училиште: проф. Дарко Костовски и м-р Фатон Ганиу. |







