Ученички парламент

Денес, 19.09.2023г. нашата ученичка заедница ја одржа конститутивната седница на Ученичкиот парламент. Беше избрано раководството, комисиите и тела, како и претставници од парламентот за Наставнички совет, Совет на родители и Училишен одбор. И честитаме на нашата ученичка Мила Ангеловска од 9-1, која беше избрана за претседател на Ученички парламент, Мабере Авдили од 9-3 за нејзин заменик и Дафина Спасовска од 8-1 за секретар на ученичкиот парламент. Многу плодна работа ви посакуваме парламентарци наши!