Тридневна екскурзија
Вто, 24/10/2023
|
18.10-20.10.2023 год. Учениците од IX одделение реализираа екскурзија низ Западна Македонија. На екскурзијата беа посетени спомен куќата и Музејот на Тоше Проески, Македониум, Хераклеа, НУ Завод и музеј во Битола, Неолитската населба “Николец“ и Св. Наум, Плаошник, Канео, Самоиловата Тврдина, Билјанини Извори, Вевчански Извори, Манастирот “Св. Јован Бигорски“. Учениците се запознаа со природните карактеристики на Западна Македонија, како и со културно-историските знаменитости на регионите. |







