Месецот на книгата
Месецот на книгата 15.10 - 15.11.2023 беше посветен на убавините на книгите и читањето. Се промовираа македонскиот збор, слово и книга преку најновите изданија - дела од македонски искусни писатели како и дела на млади автори во подем. Учениците интензивно се натпреваруваа во читање. Ги откриваа моќта и волшебноста на уметничкиот израз во книгите но и книгата како извор на знаења. Се запознаа со техниките на читањето и учењето, со историското и општествено значење на книгата за промоција на македонската култура кај нас и во светот. Се запознаа со институциите кои се грижат за книгите и читателите, со издавачите и библиотеките и нивните здруженија. Учениците со задоволство читаа, откриваа нови убавини и мудрости, твореа инспирирани од книгите. |