Денот на св.Климент Охридски

Денот на св. Климент Охридски – 8 во Македонија е државен празник, со кој се одбележува делото на првиот оригинален словенски писател и просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа. Заедно со Наум Охридски, тој е најистакнат ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј, и најверен продолжувач на нивното дело.

Денес многу цркви, институции, училишта и здруженија го носат неговото име, а меѓу нив најрепрезентативни се Националната и универзитетска библиотека и Соборниот храм во Скопје, Универзитетот во Битола.

Нашите ученици од предметна настава го одбележаа овој ден со читање на реферат со суштината на празникот и неговото значење.

Во чест на Св. Климент Охридски и неговото дело што е втемелено  во просветата, образованието и културата, учениците од одделенска настава проследија презентација и воедно  разговораа што ги поттикна на креативност и љубов кон пишаниот збор и книгата.

Св. Климент Охридски се одбележа и во подрачното училиште со изработка на  убава креативна творба.