Новогодишен хепенинг

Како последна активност од неделата посветена на граѓанското образование беше Новогодишен хепенинг по иницијатива на Ученичиот парламент, а во координација со Советот на родители и наставниците.

Настанот беше склоп од изложени производи за продажба изработени од учениците и родителите, работилници за новогодишни украси, уметничко катче за сликање, уредено катче за најмладите и фотографирање со Дедо Мраз, како и забава и дружење за повозрасните.

Голема благодарност до сите учесници кои направија овој настан да добие една поголема димензија.

Собраните средства ќе бидат искористени за хуманитарна цел, односно ќе бидат донирани за лекување на младиот Леонид Индов.

Фотографиите можете да ги погледнете на следниот