Холокаустот низ призмата на детските очи
Саб, 10/4/2021
|
Учениците од VIII и IX одделение, под менторство на наставникот по ликовно образование, учествуваа на државниот ликовен конкурс „Холокаустот низ призмата на детските очи“, организиран од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, со цел хармонија и соживот меѓу народите и подигање на свеста на учениците за меѓусебно почитување и соживот. Ликовните творби беа презентирани преку онлајн-изложба на Фондот на холокаустот. |







