На завршната средба од хибридната мобилност во рамки на Еразмус+ проектот „Европа зема здив“, наставниците и учениците изработија постери на тема: „Важноста на селектирањето и рециклирањето на отпадот“. На работилницата присуствуваше ЕкоМен 4Селект, кој презентираше и ги едуцираше учениците како се селектира отпад, како да ја чуваме нашата животна средина и планетата Земја а воедно и еко-активистите Едита Коч и Тара Мухиќ. Потоа следуваше работилница со креативна пренамена на искористени предмети на која учениците изработија кутии за накит и кутии за пенкала. На крајот се реализираше поста на кањонот Матка и пештерата Врело организирана и поддржана од страна на родителите на учениците учесници во проектот.
За успешна реализација на 5-дневната хибридна мобилност, учество зедоа директорот на училиштето, м-р Анита Ангеловска, училишниот психолог, Елена Темелкоска, училишниот педагог, Емилија Георгиевска, наставниците Биљана Арсова (координатор на проектот), Маја Цекова, Марина Димоска, Дијана Илиевска, Валбон Беџети, Ели Чочова, Александар Тасевски, Бисерка Мухиќ, Елена Антонова, Фатон Ганиу, Јасмина Јездиќ, Даниела Наумовска, Александра Накева и Габриела Постоловска.
Големо БРАВО и за учениците Ева Христова (IX-1), Јана Петровска (IX-1), Матеа Спасовски (IX-2), Козарова Мелани (VIII-2), Ана Колевска (VII-1), Тамара Јордановска (VII-1), Мила Ангеловска (VII-1), Јана Величковска (VII-1), Даријан Величковски (VII-1), Андреј Лефтеров (VII-1), Јана Милановска (VII-2), Александар Додевски (VII-2), Тефан Милковски (VII-2), Благојче Величковски (VII-2) и Марко Илиевски (VI-1) кои дадоа голем придонес за ефективна реализација на сите активности од петдневната хибридна мобилност. Голема благодарност и до родителите на учениците учесници во проектот за нивниот несебичен ангажман и поддршка за реализација на мобилноста.