Литературно-творечка работилница „Пишаниот збор е доказ за нашето постоење“
Сре, 18/5/2022
| Ученици од V до VII одделение заедно со своите одделенски наставници, предметните наставници по македонски јазик и училишниот библиотекар реализираа литературно-творечки работилници насловени под мотото "Пишаниот збор е доказ за нашето постоење", со што ги започнаа подготовките за прослава на патрониот празник на училиштето. На ваков начин учениците го следат и чуваат делото на своите патрони- просветителите Кирил и Методиј. |







