Ден на пролетта и екологијата 21.03.2023

Како дел од активностите кои се преземени за одбележување на Денот на пролетта и екологијата, учениците засадија 10 зимзелени дрвца во училишниот двор.

Учениците и наставничката по биологија Маја Цекова, дадоа активен придонес за подигнување на свеста на еколошката едукација и значењето на почиста и поздрава животна средина.