Детската недела

Во првата недела од месецот октомври се одбележува Детската недела.

За таа цел, оваа година во нашето училиште  под мотото „Јас и светот околу мене“ секојдневно во периодот од 02 до 06 октомври ќе се реализираат активности посветени на децата.

Одбележувањето на Детската недела го започнавме со реализирање на работилници за детските права каде одделенските наставници посебно ги истакнаа одредбите од Конвенцијата за правата на детето.