Екскурзија од наставно - научен карактер во Тетовскиот регион
Пет, 27/10/2023
|
Денес со учениците од lll oдделение се реализираше еднодневна екскурзија од наставно - научен карактер во Тетовскиот регион. Учениците посетија повеќе верски објекти: Лешочкиот манастир „Свети Атанасиј“, црквата „Пресвета Богородица“ и Шарената џамија. Исто така, ја посетија и фабриката за производство на играчки за киндер јајца. Децата уживаа во дружење, забавни игри и прошетки во природа, среќни и задоволни од заедничката дружба. Беше задоволство да се гледаат нивните насмеани лица кои зрачат со радост и позитивна енергија. |







