Петта мобилност од меѓународниот КА229 Erasmus+ проект, “Europe Takes a Breath” / „Европа зема здив“ (Сиреаџ, Полска)

Во периодот од 16-20.05.2022 година се започна со реализација на петтата планирана мобилност од меѓународниот КА229 Erasmus+ проект, “Europe Takes a Breath” / „Европа зема здив“, на која учествуваат група наставници и ученици од Македонија, Шпанија и Грција. Домаќин на мобилноста е Полска од основното училиште во полскиот град Сиераџ - Szkola Podstawowa nr 4 im. Marii Konopnickiej. На првиот ден се проследија презентации за активностите на училиштето во Полска, а воедно и за историјата, знаменитостите, културата и обичаите во оваа земја. Потоа следуваше работилница „Како да го намалиме загдувањето“. Во вечерните часови наставниците и учениците имаа можност да презентираат традиционални танцови од својата земја, а воедно и да научат традиционални танци од земјите учеснички во проектот. На крајот се вкусија традиционални полски јадења.