Втор ден Еразмус+ "Let's beat bullying together"

Запознај ја културата на другиот, за да го почитуваш повеќе. Втор ден од мобилноста во Кириккале, Турција преку проектот "Let's beat bullying together", во која учествуваат претставници од Шведска, Шпанија, Италија и Македонија. Денешната посета на Анкара ни овозможи подлабоко да се запознаеме со културата, историјата, религијата, традиционалната храна и дел од природните убавини на нашите пријатели од Турција. Го посетивме меморијалниот центар посветен на таткото на модерна Турција, Кемал Мустафа Ататурк и проследивме церемонии во негова чест; Ја посетивме претседателската резиденција и џамијата Милет, во која ги демонстриравме обичаите и правилата за молитва во исламската вера; Посетивме етно село во кое го видовме и го вкусивме начинот на живеење и начинот на исхрана во минатото. Научивме како се подготвува турски чај... Многу вкусови и многу култури на исто место, а сите како едно. Нашите девојчиња Мила, Јана, Тамара и Ана се најдобри другари со Кјара, Антонио, Давида, Лола, Клаудија, Софија, Сара, Зејнеп, Руј... Само така се разбиваат предрасуди кон различностите и се градат здрави личности со самодоверба. Утре со нови предизвици во Кападокија.