Вежби на полигон во ООУ "Вера Јоциќ"
Сре, 01/11/2023
Денес учениците од трето одделение земаа учество на полигон организиран во ОOУ „Вера Јоциќ“, под водство на наставникот по ФЗО Марко Костов. На овој полигон имаше повеќе вежби од кои: скокање на јаже, шут на гол, скокање со вреќа, протнување низ обрач, прескок преку шведски сандак. Покажаа дека се подготвени за поминување на секоја препрека без потешкотии. Задоволство беше да се види натпреварувачкиот дух кај нив. |