Обука по прва помош

На 01.11.2023 год. во нашето училиште се реализираше обука по прва помош под мотото Прва помош спасува живот. Обуката ја проследија 20 ученици од 7 и 8 одд.

На оваа обука учениците имаа можност да стекнат основни знаења за укажување на прва помош како брза и витална интервенција чија цел е да се спаси човечки живот,но и да се намалат компликациите од настанати повреди.

Предавач/демонстратор: Маја Цекова