Денот на нашата општина Гази Баба
Пет, 03/11/2023
По повод, 3 ноември - Денот на нашата општина Гази Баба, денес со учениците од одделенска настава се реализираа неколку активности: - учениците од II-1 и II-2 одделение беа во посета на канцеларијата на Месната заедница во населеното место Стајковци, каде во соработка со родител учениците се запознаа со работењето и функцијата на месната заедница. Тие ликовно се изразија и ги нацртаа симболите на нашата општина. - изработувавме и сложувалки со грбот на општината. ЧЕСТИТ ДЕН НА НАШАТА ОПШТИНА |