Час по готвење

Авантурите на младите готвачи од четврто одделение продолжија и денес. На овој час по готвење приготвуваа салати од свежо овошје. На забавен и креативен начин стекнуваа навики за здрава исхрана. Беа задоволни со своите изработки и нетрпеливо чекаа да ги вкусат своите овошни палми, пеперутки, салати.