Подготовка на храна на часот по Вештини за живеење
Чет, 07/12/2023
На 06.12.2023г. на часовите по Вештини за живеење го применивме стекнатото знаење од кулинарските вештини за сецкање, лупење и декорација на овошје и зеленчук приготвувајќи зеленчукови и овошни салати и подготовка на солени и слатки јадења без печење, притоа применувајќи ги елементите на рецептите за готвење. Учениците од VII¹ и VII² одделение приготвија превкусни јадења, а потоа заедно ги дегустираа со нивната менторка Ели Чочова и со наставниците и директорката на училиштето. |