Литературната манифестација „Жуборења од Радика 2023"
Пон, 11/12/2023
На литературната манифестација „Жуборења од Радика 2023" организирана од Здружението за афирмација и развој на реканскиот крај "Рекански порои", на 25.11.2023 година, во Ростуше, се одржа доделување на наградите за песните напишани од детските срца, исткаени од нивните емоции. Од нашето училиште ООУ „Кирил и Методиј" - Стајковци, прва награда доби ученикот Немања Јорданов од IX - 2 одделение. Честитки! |