Денот на општината

Денес, нашите членки од ученичкиот парламент и ученички од осмо и деветто одделение цртаа главни симболи на општината, арте факти од археолошките наоѓалишта и религиозни објекти, како и делови од стари населби.

Најуспешните изработки утре во чест на Денот на општината ќе бидат подарени на Градоначалникот на општина Гази Баба г-динот Бобан Стефковски.

Им благодариме на вредните раце и креативноста на нашите девојчиња!